Вучиќ и Меркел ќе разговараат преку видео-линк

Српскиот претседател нема да отпатува за Берлин, каде е предвидено да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел.



Средбата требаше да се одржи овој викенд во Берлин, но истата ќе биде откажана, а Вучиќ и Меркел се согласија да одржат видео конференција наместо состанок.

Видео-линкот е закажан за понеделник од 12 часот, а теми на разговорите ќе бидат прашањето за Косово, европската интеграција на Србија, билатералната соработка, ситуацијата во регионот, но и коронавирусот.
Извор на Б92 негирадека Вучиќ нема да патува за Берлин заради ситуацијата со коронавирус.