Режисерот Слободан Унковски на Фејсбук објави дека со семејството на Горан Стефановски ѝ дале дозвола на Македонската радио телевизија (МРТ) бесплатно да ја репризира ТВ-серијата „Бушава азбука“, јавува порталот СакамДаКажам.
„Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо. Ќе почне да игра од утре, прекуутре, два пати дневно“, стои во пораката која режисерот Унковски му ја напиша на профилот на министерот за здравство Венко Филипче.





