Кампањата за изборите на он-лајн!?

Нема да има големи собири и митинзи а во пресрет на прдвремените парламентарни избори. Лидерите на денешната средба во владата се обврзуваадека ќе ги почитуваат сите мерки и препораки а за евентуално одложување на предвремени парламентарни избори за сега не станало збор.



“Клучната порака од состанокот е дека здравјето на граѓаните е врвен приоритет. Сега не е време за ситни политички поени. Партиите, нивните лидери, сите политички чинители имаат степен на повисока одговорност и треба да ги почитуваат мерките. Кризниот штаб преку мејлови ке ги информира сите политички партии за новите состојби”, изјави Спасовски.

И власта и опозицијата се согласни дека треба да има преадаптирање на кампањата.