Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, со неколку твитови реагира на користењето на терминологијата „оваа земја“ за Македонија од амбасадорката на САД, Кејт Брнс, во нејзината објава на Твитер за даденото интервју за телевизијата Алсат-М.



„Обиколувајќи ја земјата сфатив дека младината тука е најголемата надеж на оваа земја. Тие се мотивирани, талентирани и инвестирани во иднината. Сметам дека, ако оваа земја инвестира во младината, тоа е најдобриот влог во иднината на оваа земја и вреди да се направи“, е цитатот од изјавата на Брнс што предизвика бројни реакции, главно од македонски твитерџии, но и од Ван ден Берг.

„Дали е ова намерна навреда по Вашата средба со ‘независните’ (експратеници на ВМРО-ДПМНЕ – н.з.), во смисла на Законот за Јавно обвинителство и порано (Преспа) управувани/со политички инженеринг од САД? Користењето само на терминологија како ‘оваа земја’, наместо името за кое притискаше Вашата амбасада, за многумина е полошо од БЈРМ“, реплицира директорот на БИП.

„Странските фактори се тие што ги користат сите свои алатки и средства за промена на режим/промена на име, но нема промена (на подобро) во корупцијата, непотизмот и сл., и фактот што вели дека споменатите фактори знаат оти волјата на луѓето е игнорирана, што придонесува младите да ја напуштат македонската почва“, додава тој.

„А сепак, како одредени македонски политичари кои беа поддржани/управувани од вашата амбасада, не можете да го најдете тоа во себе да го користите новото уставно име на оваа земја, бидејќи знаете дека мнозинството го претпочита старото уставно име. Всушност, таквата акција влијае на изборите“, продолжува Холанѓанецот.

„Очигледно, ефектот е дека ако е премногу срамно/комплицирано и сл. за одредени македонски политичари и американски дипломати да го користат новото име, гласачкото тело ќе се сврти кон други партии, а не кон политичките партии и нивните спонзори кои ја воведоа целата промена. Така, Преспа/ЗЈО = поларизација“, заклучува Ван ден Берг.