Путин може да остане на чело на Русија до 2036 година

Владимир Путин има шанси да се кандидира за петтиот претседателски мандат во 2024 година откако Државната дума го одобри нацрт-законот, кој содржи уставни измени.



„Гледам дека луѓето, секако поголемиот дел од општеството, очекуваат мои ставови и одлуки за клучното прашање за управување со државата, и денес и по 2024 година“ за петти и можеби шести претседателски мандат’ изјави Путин откако пратеници на „Обединета Русија“, иницира расправа Путин да да остане претседател како што ќе заврши неговиот сегашен мандат во 2024 година.

Нивниот предлог е да се ресетира временската рамка но и бројот на мандати околу тоа колку пати шефот на Руската Федерација може да биде ре-избран за претседател.

Со ревидираниот устав, Путин би останал на власт уште два шестгодишни мандати./

Сега се очекува дали Уставниот суд на Русија ќе оцени „дека тоа нема да биде во спротивност со основниот закон на земјата“, рече Путин.

Вкупно 383 пратеници гласаа за нацрт-законот на 11 март, со 43 воздржани и без гласови против.

Доколку ова помине, Путин може да остане на власт до 2036 година, ако победи во 2024 година, кога му истекува сегашниот мандат.

Измените мора да бидат одобрени од Уставниот суд, а за 22 април е закажан и референдум за ова прашање.

Владимир Владимировиќ Путин, дојде на челната позиција во Руската федерација по ненадејната оставка на Владимир Елцин, предновогодишном во 1999 година кога го назначи за наследник.

По изборите – пролетта 2000 до 2008 тој беше претседател, а по пауза од 4 години кога беше премиер,, одново е претседател од 2012 година до денес.