Зоран Заев, ги откажал сите активности, а откажани се и сите настани од партиската агенда на СДСМ во наредните денови.
Целта е да се превенира ширење на коронавирусот, соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.
За вчерашниот конгрес на СДСМ во „Александар Палас“, на кој беа присутни повеќе стотици делегати, гости и новинари, Николовски рече дека партиските членови претходно потпишувале изјави дека не патувале во регионите и државите што се најголеми жаришта на инфекцијата.




