Ученици од три училишта во Карпош веќе се во самоизолација

Ученици од основните училишта „Владо Тасевски“, „Братство“ и „Јан Амос Коменски“ во општина Карпош, од денеска ќе бидат во самоизолација.



Нивните родители работат на Клиниката за дерматологија и биле на симпозиумот што се одржал во саботата на кој присуствувала и заразената директорка од Клиниката, Нина Цаца Билјановска, потврди градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

„Уште во текот на вчерашниот ден, известивме дека на 3 март, во основното училиште „Братство“, во Тафталиџе, се одржало предавање за превенција од коронавирус (во две одделенија, од четврто и седмо одделение), од страна на докторка која е вработена на Клиниката за дерматологија. Во своја лична изјава, докторката посочува дека пред одржување на предавањето во „Братство“, таа не била во директен контакт со директорката на Клиниката, Нина Цаца Билјановска, истакнува Богоев во изјава до медиумите.