Француски министер заразен со коронавирус

Францускиот министер за култура Франк Ристер е заразен со новиот коронавирус, соопшти денеска неговиот кабинет.



Петмина пратеници и двајца вработени во францускиот Парламент се заразени со вирусот, од кои двајца учествувале на состаноците на Комисијата за прашања од културата.

„Министерот денеска се тестираше откако тој покажа симптоми“, се вели во соопштението и се дополнува дека Ристер поминал неколку дена во парламентот минатата недела, каде се потврдени повеќе случаи на инфекцијата. Сега е во изолација.

Досега се потврдени 1.412 случаи на коронавирус во Франција и 25 починатиа.