Претседателот на локалниот огранок на БЕСА од Тетово, професорот Газменд Алиу, си поднесе неотповиклива оставка од позицијата поради непринципиелност на партиското раководство и лидерот на партијата Билал Касами.
Алиу во БЕСА е од основањето во 2014 година и важи за еден од највлијателните членови на партијата.
Без негова помош БЕСА во изборната единица 6 може да претрпи дебакл, коментира активист што бил дел од ДПА а сега е со Алијансата на Албанците.
Алиу преку фејсбук им се заблагодари на членовите на огранокот за активностите, придонесот и поддршката што ја дале во текот на годините во движењето БЕСА, упатувајќи порака до Касами да му е „арам”.
„Арам да ви е мојот придонес и придонесот на сите активисти даден во овие 5 години“ – напиша Алиу на неговиот ФБ профил.
Според порталот на албански јазик „Њуз33“, ова е последица на коалицијата БЕСА-СДСМ, како и непочитување на насоките од членството кои биле против ваквата коалиција.
*Алиу е на фотографијата лево






