Италија ги прошири рестриктивните мерки од „црвена зона“ на целата земја во обид да се спротивстави на ширењето на смртоносниот коронавирус.
Откако 16 милиони луѓе веќе беа ставени под карантин на северот, денеска е објавено дека бројот на заразени достигна над 9.000 потврдени случаи, со уште 97 смртни случаи во еден ден.
Бројот на смртни случаи се искачи на 463.
Италијанскиот премиер реши да ги прошири радикалните мерки на целата земја.
Министерот за надворешни работи Ди Мајо објави проширување на рестриктивните мерки за заклучување за цела Италија.
Мајо рече дека исто како во Ломбардија, земјата ќе „спроведе строги правила“ во секој регион.
Премиерот Конте рече дека земјата ќе донесе уште построги мерки за борба против коронавирусот.
Тој додаде дека луѓето не треба да се движат, освен на работа само во вонредни случаи, и рече дека повеќе нема да има „црвена зона“ бидејќи целата земја е под истите услови кои стапуваат на сила веќе утре изутрина.
Грција и Албанија веќе ги сопреа сите летови кон и од Италија.





