Откако кај директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје беше потврден коронавирус, денеска 193 лица се сместени во домашна изолација .
Меѓу изолираните се 103 лица кои присуствувале на конференцијата за дермато-венеролози каде што таа викендов држела предавање, 64 лица се медицински персонал од Клиниката, 11 се пациенти кои биле хоспитализирани, а 13 се други пациенти кои примале дневна терапија.
Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека Клиниката за кожни заболувања од денеска е затворена и најави разрешување на директорката.






