Заразената со Корона директорка не дала оставка

Директорката на кожната клиника Нина Цаца Билјановска се уште не дала оставка од својата менаџерска позиција.



Иако денеска од изутрина е утврдено дека е заразена со Корона вирусот а министерот Филипче изрази јавно разочарување од неа таа во моментов е само суспендирана како прв човек на здравствената институција но не е формално сменета од директорската позиција.

Министерот Филипче денеска кажа дека поради предизборието таа не може да биде сменета но прашање е зошто таа сама не дава оставка.

Тоа што е во изолација на инфективната клуника не е пречка за Цаца Билјановска да си даде оставка усно или писмено.

Засега нема информација дека таа најавила повлекување од директорската позиција што е логично по информациите дека во екот на епидемијата на корона вирусот во Италија таа заминала на скијање а по враќањето не се тестирала како носител на вирусот.