Корона вирусот почнува да ја парализира работата на Европскиот совет и, доколку продолжи ширењето на епидемијата, може да ја загрози одлуката на ЕУ да започнат преговорите за членство со Македонија, пишува „Независен.мк“
Секретаријатот на Советот денес, во консултација со земјите членки, препорача да се намали бројот на состаноци на разните подготвителни тела и работни групи во Советот, а одлуките кои состаноци ќе се одржат ќе ги носи претседателството на ЕУ.
„… Внимателно ќе ја следиме ситуацијата и подготвени сме да воведеме дополнителни мерки во зависност од развојот, стои во соопштението на Советот објавено денес, објави „Независен.мк“






