СМК ја осудува агресијата на Софија врз Македонците во Албанија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува агресијата на Софија врз Македонците во Албанија, во таа смисла и промоцијата на книгата “Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев во Корча која претставува груб фалсификат на македонската генеза и историја!



Активностите на бугарската фондација “Бугарска памет“ на Милен Врабески за донации на општина Пустец, општините каде што живеат Македонци и асистенција во издавањето бугарски пасоши, како и активностите на бугарскиот европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија Андреј Ковачев меѓу Македонците во Мала Преспа и Врбник, СМК ги смета за флагрантно кршење на човековите права и слободи на Македонците во Албанија.

СМК повторува дека во Албанија нема Бугари, Македонците во Албанија не се Бугари!

СМК ги отфрла уцените на Софија кон Тирана, од која бара права за Македонците како “Бугари“ во Албанија!

Македонците во Албанија не смее да бидат колатерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија, посебно поради наци-фашистичкиот ултиматум на Софија: Тест за бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на престојниот попис на населението во регионите каде што живеат Македонците!

СМК очекува Македонската влада да демонстрира грижа за положбата и правата на Македонците во Албанија поради бугарската агресија во обидите за нивна асимилација и денационализација!