Поранешниот пратеник за кого деновиве беа објавени пет аудиос-снимки од негови разговори во кои тој кај судии се распрашаува за предмет против негобиот татко во 2011 година, на Фејсбук реагираше на изјавата на Зоран Заев дека не знаел за тие снимки.
„ Истите 6 снимки обвинителката Фатиме, по налог на лицето З.З. и Катица, ги работела во Февруари 2018та, и во СЈО повикала странка, сведок (машко лице), со кого заедно ги слушале снимките, вклучително и 6-тата која Заев сега решил да не се објави, бидејќи докажува нема дело.
Повиканиот сведок и СЈО си имаат уреден записник за овој настан и преслушаните снимки, кои сега се во посед на ЈО.
Ова докажува прво дека Заев предал многу снимки во СЈО,
и второ дека од истите нелегални снимки Заев поседува копии и лично нарачува нивни монтажни и објави, што е кривично дело“ – пишува Милошоски на Фејсбук.






