Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повика Грција да ги отвори своите граници и да им овозможи на мигрантите да заминат во другите европски земји.



„Овие луѓе нема да останат (во вашата земја), тие ќе се преселат во други европски земји“, рече Ердоган денеска во Истанбул и запраша:

„Зошто не ги отворите вашите порти исто така, оставете ги да одат во други земји и ослободете се од овој товар“.

Во говорот по повод Меѓународниот ден на жената, Ердоган рече дека жените и децата го носат товарот на кризата.

„Дали се ‘крши“ срцето на Западот поради ова? Не! Дали го крева гласот? Не! – рече Ердоган како што пренесе „Катимерини“.