Италија: 16 милиони луѓе во карантин




Жителите на северна Италија денес се разбудија во карантин што опфаќа голема површина на богатиот север, вклучувајќи го и финансискиот центар Милано, во нов драстичен обид на властите да се спречи брзото ширење на коронавирусот.

Според новите мерки, луѓето не смеат да влегуваат или да го напуштат регионот Ломбардија, – најбогатиот регион во Италија – како и 14 провинции, вклучувајќи ги и градовите Венеција, Модена, Парма, Пјаченца, Реџо Емилија и Римини.
Невидените ограничувања опфаќаат 16 милиони луѓе и ќе останат на сила до 3 април, со законот што го потпиша премиерот Џузепе Конте изминатава ноќ.
„Нема да има движење кон или од овие области, освен од причини докажано дека се поврзани со работа, итни случаи или здравствени причини“, изјави Конте на прес-конференција среде ноќ.



Според најновите податоци, во светот има повеќе од 105.000 луѓе заразени со коронавирус.
Цитуацијата е тешка и во Европа и САД, а особено во Италија. Вчера починаа 36 лица, а повеќе од 1.200 беа заразени.Вкупниот број на смртни случаи во Италија е 233, а заразени се 5.883.