Пожар во бегалски камп на Лезбос

Во бегалски капм на грчкиот остров Лезбос избил пожар во моменти кога растат тензиите поради обидот на стотици мигранти да стигнат до островот откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела изјави дека „ја отвора вратата“ за бегалците да заминат во Европа.



Пламенот го зафатил центарот „Едно среќно семејство“, што се наоѓа во близина на главниот град на островот Митилини.

Нема информации како избувнал пожарот и не се јавува за жртви, дознава БГНЕС.

Во последните неколку дена, порасна непријателството кон мигрантите кои се згрижени на Лезбос.