Иако имаше најави за можна коалиција, од партијата на Мендух Тачи соопштија дека нема договор за заеднички настап со НДП на Вејсел Мемеди, јави Алсат.
Одлуката за самостоен настап, била донесена на вчерашната седница на Централното претседателство на ДПА во Тетово.
„На седницата, претседателот на партијата реферираше за состојбите, почна дебата, по што се донесе одлука – ДПА сама ќе излезе на претстојните парламентарни избори“, изјави Луан Треси, портпартол и член на Централното претседателство.
ДПА и на минатите избори настапуваше самостојно, кога, абележа најслаб резултат во историјата на партијата – само две пратенички места.





