Политичкиот аналитичар Сашо Клековски го објаснува наративот во кој ќе се одвива кампањата за предвремените избори.
Тој смета дека основата на кампањата ќе биде за „националистичкото“ ВМРО-ДПМНЕ и „неспособниот“ СДСМ, а главни теми ќе бидат економијата (сиромаштија, невработеност), владеење на правото (корупција, криминал), како и животната средина (загадување, урбано планирање).
“Во моментот доминараат негативните кампањи со обвинувања за криминал и корупција. Теоријата вели дека кампањите немаат ефект во убедувањата на гласачите, туку главниот ефект е врз излезноста на гласачите. Корупциските скандали како „Рекет“, според истражувања на јавното мислење, имаат поголем ефект отколку добивање на датум за преговори со ЕУ. Главниот ефект би бил деморализирање на гласачите на СДСМ и нивна апстиненција од изборите” Клековски за Фокус.
Според него, не е прашање кој ќе победи на изборите, туку кој ќе успее да формира Влада.
Линк до целата изјава на Клековски за Фокус овде




