Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас го менува тонот во однос на Македонија. По првичните позитивни реакции за посетата на Димитров на Атина тој во интервју за телевизијата Антена ја обвини Македонија односно шефот на дипломатијата Димитров дека во Атина дошол неподготвен.
Според него Македонија сеуште искажува иредентизам а во исто време меѓународната заедница ја толерира во нејзините постапки.
„Како што знаете јас бев во Скопје два пати, зборувавме за прашањето и тие не беа подготвени. Тие дојдоа во Атина, повторно неподготвени. Тие се толерираат од меѓународната заедница. Во случајов се соочуваме со иредентизам кој што не смееме да дозволиме да се прошири на Балканот“, изјавил Коѕиас.
Коѕиас кој што пред два дена најави дека медијаторот нимиц ќе се врати во регионот вчера прецизираше дека средбата која што беше одложена пред една недела ќе се случи в понеделник во Брисел.
Минатата недела Коѕиас и другите грчки претставници не најдоа време да разговараат со медијаторот кој што откако почека два дена се врати во Њујорк. Само десетина часа по телефонските разговори Пенс – Ципрас и Пенс – Заев Коѕиас откри дека нашол време за Нимиц.





