Британската влада потрошила најмалку пет милијарди евра за подготовките за напуштање на Европската унија.
Државниот завод за ревизија (НАО) во извештајот нагласува дека парите биле потрошени во голема мерка на трошоците за вработените, изградба на нова инфраструктура и плаќање за надворешни советодавни услуги, пренесува Хина.
За персоналот се потрошени 1,9 милијарди фунти (2,19 милијарди евра), 1,5 милијарди фунти (1,73 милијарди евра) за нови системи и инфраструктура и 288 милиони фунти (332 милиони евра) за надворешно консултантски услуги.
Во октомври лани, кога се чинеше дека Велика Британија може да ја напушти ЕУ без договор, биле ангажирани околу 22.000 луѓе работеа за „Брегзит“.
Велика Британија ја напушти Унијата на 31 јануари, по 47-годишното членство во ЕУ.
Договорениот преоден рок меѓу ЕУ и Велика Британија е до крајот на оваа година.





