Тензиите на грчко-турската граница не запираат, по постојаните обиди на илјаднници мигранти да влезат на грчка територија.
Турција утрово фрли солзавец кон грчките граничари, објави Ројтерс.
Известувачите на „Ројтерс“ јавија и дека грчките сили користат водени топови во обид да ги растерат мигрантите што се собираат на границата.
Турците тврдат дека користеле солзавец откако Грција фрлила солзавец кон нив
„Нападите се координирани со помош на беспилотни летала. Покрај заплашувањата, турската полиција сака да им помогне на мигрантите да ја преминат граничната ограда “, рече грчки владин претставник.
Од Турција велат дека користеле солзавец откако грчката полиција испратила солзавец на турскиот дел од граница.
„Грците фрлаат солзавец кон нас… ние само реагираме “, изјави турскиот министер за одбрана Сулејман Сојлу.
Претходно, Анкара ги обвини грчките сили за убиство на четири мигранти, но Атина негира и останува на тврдењето дека турските сили им помагаат на мигрантите да ја преминат границата.





