Ограбена бензинска станица во скопски Бутел

Двајца разбојници доцна синоќа ограбиле бензинска станица на „Макпетрол“, лоцирана на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, Скопје.



Вооружените разбојници, кои носеле фантомки на главите, ја одзеле чантата со прометот од вработен на бензинската. Пред да избегаат, со автомобил БМВ пукале во воздух.