Поранешниот генерален секретар на ООН Хавиер Перез де Куелар почина на 100-годишна возраст, соопштија од ОН.
Перуанскиот политичар функцијата генерален секретар ја извршуваше во два мандати во периодот 1982 до 1991 година.
Тој одигра клучна улога во завршувањето на војната Иран и Ирак, и за постигнување мировен договор меѓу Камбоџа и Ел Салвадор, соопштија од ОН.
По кариерата во ОН, Де Куељар се ангажираше на враќање на демократијата во родниот Перу, пренесува АП.
Неговиот син, Франциско Перез де Куељар, изјави дека неговиот татко починал дома од природна смрт.





