Македонија во изминатата година забележа напредок во политичките права и граѓанските слободи, но и натаму останува во групата на делумно слободни земји, покажува најновиот извештај американската невладина организација „Фридом хаус“ за слободата во светот во 2020 година.
На скалата од 1 (најлошо) до 100 (најдобро), земјава се наоѓа на 63-то место, што е за четири позиции подобро во однос на извештајот за 2019 година.
Од земјите во регионот, во групата на слободни држави се Словенија, Хрватска, Грција и Бугарија, а Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, БиХ се делумно слободни земји рангирани меѓу 53-то и 67-то место.
Од 195 земји во светот опфатени во анализата на „Фридом хаус“, 83 се означени како слободни, 63 како делумно слободни, а 49 неслободни.
Листата најслободни земји ја предводат Норвешка, Шведска, Финска и Холандија.






