Грчката полиција употреби солзавец за да одврати стотици мигранти кои фрлаа камења и уште еднаш утррово е обидоа да влезат на грчка територија, јави „Катимерини“.



Судирите на граничниот премин се резултат на одлуката на Анкара да гиу отвори границите за сириските бегалци кои се обидуваат да стигнат до европско тло.

Според турските власти, над 130.000 бегалци ја напуштија земјата и се наоѓаат во меѓуграничниот појас со Грција. Грчките власти зборуваат за десетина илјади…

Денешните судири доаѓаат еден ден откако вчера официјални претставници на Европската унија ја надлетаа копнената граница меѓу Грција и Турција и ветија повеќе пари за Грција за справување со потенцијалниот бегалски бран.

Тие, исто така ја повикаа Турција да се придржува кон договорот од 2016 година, според кој се бара да ги задржи мигрантите на нејзината територија.

Но, турскиот претседател Ердоган вчера рече дека одбил една милијарда евра понудена помош од ЕУ.