Поранешниот америкаски потпретседател Џо Бајден воспостави силно водство пред сенаторот Берни Сандерс во трката за кандидат за иден американски претседател во демократскиот кампус, пренесе АФП.
Победникот на внатрешните избори во Демократската партија ќе му се спротивстави на претседателот Доналд Трамп на претседателските избори во ноември.
Бајден, на гласањето во таканаречениот „супер вторник“, доби мнозинство од 14 сојузни држави, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас копи носат најголем број делегати.
Според досега преброените гласови, повеќе од сигурно е дека Бајден добива делегати од осум сојузни држави, вклучувајќи ги Минесота и Масачусетс. Сандерс победи во родниот Вермонт и во уште четири сојузни држави – Калифорнија, Тексас, Колорадо и Јута.




