Мицотакис: Ова е безбобразен напад од Турција


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека мигрантската криза е „асиметрична закана“ за границите на ЕУ и истакна дека Грција и ЕУ нема да дозволат да бидат уценети.



„Ова повеќе не е проблем со бегалците.

Тоа е безобразен напад од страна на Турција, која се обидува да искористи очајни луѓе за да ја промовира нејзината геополитичка агенда и да привлече внимание од ситуацијата во Сирија“, рече Микотакис на прес-конференцијата на која присуствуваа претставници на ЕУ.

Како што пренесува „Катимерини“, Микотакис смета дека луѓето кои изминативе денови се обидувале да влезат во Грција, не доаѓаат од сириската провинција Идлиб, туку долго време живеат безбедно во Турција.
„Европа нема да дозволи уцени на Турција. Ние сме на располагање да помогнеме во врска со бегалскиот проблем, како и да ги решиме проблемите во Сирија, но под различни околности. Моја е должност да го штитам суверенитетот на мојата земја”, рече Мицотакис.

Тој додаде дека се надева оти оваа ситуација ќе ги „разбуди сите“. „Да бидеме искрени, ЕУ не беше задолжена да се справи со мигрантската криза. Се надевам дека ова ќе биде будење за сите“, рече Мицотакис.