Ердоган одбил 1 милијарда евра за да прими нови бегалци

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека одбил европската помош од милијарда евра за прифаќање мигранти во Турција во време кога илјадници се наоѓаат на грчката граница, пренесува Хина.



Ердоган во понеделникот ја предупреди ЕУ дека не сака да го „дели товарот“ со Турција, која прифати близу четири милиони мигранти и бегалци, главно од Сирија, кои бегаат од војната во таа земја.

„Тие ни велат: Ќе ви испратиме милијарда евра.

Кого вие сакате да лажете? Не ги сакаме тие пари“, изјави Ердоган на прес-конференцијата во Анкара, во присуство на бугарскиот премиер, Бојко Борисов.

Овие изјави доаѓаат во време кога Европската унија се повеќе се грижи за пристигнувањето на илјадници мигранти на грчката граница, бидејќи Турција објави дека „ја отвори вратата“ за бегалците.