Законот за јазици и поставување на двојазичните табли е јасен и е објавен во Службен весник, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.
Осговарајќи на новинарско прашање, кој е во право дали вицепремиерот Бујар Османи, кој вели дека поставувањето на двојазична табла во Прилеп е согласно законот за јазици или Зоран Заев кој тврди дека тоа е грешка Спасовски рече:
„Сосема е јасно каде и на кои места и во кои општини може да се употребуваат јазиците, односно тоа е секаде каде што имаме повеќе од 20 проценти припадници на етничка заедница, којашто живее во земјава – изјави Спасовски.
Прашан дали тоа значи дека коалицискиот партнер ДУИ „не го знае Законот“, Спасовски со одговор дека во предизборен период може сè и сешто да се слушне во медиумите пренесе „Плусинфо“.





