Видеото со наслов „Без Граници, само хоризонти“, на авио компанијата Катар Ервејз е едно од најгледаните за месец јуни во целиот свет.
Видеото кое е дел од нивната најнова маркетинг кампања досега е видено од над 50 милиони луѓе на Фејсбук профилот на компанијата, околу 1 милион луѓе на Твитер, околу 3 милиони на Инстаграм и над 1,3 милиони на Јутјуб.
Компанијата која што доаѓа од Катар земја која што е под санкции од своите соседи во заливот се обидува да го зголеми бројот на патници чиј број се намалува откако Саудиска Арабија, Оман, Обединетите Арапски Емирати и други земји во регионот ги блокираа воздушните коридори од своја територија кон оваа земја поради политички несогласувања.
Властите во Доха се обвинети дека финансирале терористички организации блиски на „Муслиманското братство“.
Уште од предходно Катар Ервејз најави дека од 17 јули ќе лета до и од аеродромот Александар Велики во Скопје.





