Двојазичната табла поставена на зградата на Јавното правобранителство во Струмица наскоро ќе биде отстранета бидејќи е поставена по грешка, рече на денешната прес-конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тој појасни дека таблата е грешка оти во Струмица нема повеќе од 20 проценти население од албанска етничка заедница.
Заев рече дека во Струмица има само едно семејство Албанци-пекари кои го прават струмичкиот бурек.
„ Но тие го зборуваат увабо и македонскиот јазик и секако само едно семејство не се 20 отсто“.
„Во Кочани беше отстранета и на други места се отстранети, така што низ призмата на чесното почитување на Законот, она што законот го предвидува е практичната потреба на граѓаните. И употребата на јазикот е заради практична потреба, не е за изнаселување на една заедница врз друга, туку за меѓусебно почитување на правата на употребата на мајчиниот јазик, рече Заев.
Заев додаде дека двојазичните табли постојат само во средините кадешто граѓаните од албанска етничка заедница се повеќе од 20 проценти и изрази верување дека табли и на турски јазик би можело да бидат поставени во Гостивар или на српски во Куманово.
Лидерот на СДСМ, Зна ТВ-дуелот во петокот рече дека поставувањето на двојазичните табли насекаде низ Македонија можеби не било добро обмислено.





