Меџити: Да се почитува принципот „победник со победник“


Потпретседателот на интегративците Изет Меџити, вели дека на последните избори ДУИ го прекрши принципот „победник со победник“ и влезе во коалиција со СДСМ, но дека тоа треба да се остави во минатото.



Според него, на сите треба да им биде јасно дека во оваа земја не може да има влада без албанскиот победник на изборите.

„ДУИ како најголема Албанска партија и гарант на Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, имаме задача да ги заштитиме правата на Албанците и затоа не може да има Влада во оваа земја без албанскиот победник на демократските избори.

Албанскиот претставник во Владата го определува волјата на Албанците, а не волјата на сојузите и канцелариите“, вели Меџити, како што пренесува „Лидер“.