Емиграцијата и негативната стапка на наталитет претставува еден од најголемите проблеми во Хрватска.
Општината Леград во Подравина, кај Копривница, пристапи кон овој проблем на оригинелен начин – инвестирање во млади семејства,
Млади кои ќе одлучат да останат на територијата на општината, или да се доселат, можат да добијат бесплатно земјиште, 3.500 евра за опремување на домот, а куќа можат да купат за – една куна, или 13 евро центи.
Општштината е на идеална позиција, во близина на поголеми градови и речиси нема невработеност.
„Интересоет е неверојатен – вели првиот човек на Општината Леград – постојано добиваме прашања од заинтересирани не само од Хрватска туку и од Словенија, БиХ, Србија“
За овој модел на привлекување млади, се заинтересирале и од хрватската влада, се вели во репортажата на Ал Џезира.




