Грчката влада вечерва одлучи да донесе вонредни мерки за справување со новиот бран бегалци кои Турција ги пушти од своите кампови.
Според правилата на ЕУ и конвенцијата за бегалци на ОН ниту една држава потписничка не смее да забрани бегалците да поднесат барање за хуманитарна заштита.
Кои се трите мерки на владата во Атина:
1. Суспензија на правото да се поднесе барање за АЗИЛ, во траење од 1 месец со почеток од денеска
2. Присилна депортација на мигранти кои влегле илегално
3. Барање за распоредување на европските ЕУРОФОР морски единици во пограничните води




