Ми се превртува утробата, јас не простувам – реакција за прошката на Заев (ВИДЕО)

Среќа што не сум верник, вели професорката Билјана Ванковска за видеото во кое Зоран Заев повикува на простување.



“Го слушам, ми се превртува утробата и си велам: каква среќа е што не сум верник! Јас не простувам, а вие си знаете! Поголем фарисеј од овој нема, и кога би била верник, веројатно би се чувствувала уште полошо”, пишува професорката коментирајќи ја пораката на Заев за прочка.

На прашањето на друг коментатор на Фејсбук дали да плаче или да се смее во врска со видеото Ванковска вели:
“Јас немав живци ни до крај да го сослушам – физички нагон за повраќање и гнев ми буди (а тоа не сакам да ми го прави)”.