Љубанчани со билборд „Добродојдовте во Љубанци, Република Македонија“

Од утрово сите што влегуваат во скопското село Љубанци ги пречекува билборд во форма на претходното македонско државно знаме со сонцето од Кутлеш и со натпис „Добродојдовте во Љубанци, Република Македонија“.



Љубанци се наоѓа во северозападниот дел од скопската котлина, на десет километри од главниот град, а според последниот попис од 2002 година селото има 928 жители, од кои 912 Македонци.