Последните информации се дека Двете девојки во кои синоќа удри џип на автобуска станица во населабра Ѓорче Петров  поминале без посериозни повреди и дека се пуштени на домашно лекување, дознава МКД.Мк.

Несреќата се случила кога џип за да го избегне возилото „југо“ кое му го пресекло патот, нагло свртел и удрил во патниците кои чекале на автобуската станица.

Повредените девојки, неофицијално ракометарки на првиот тим на ЖРК Вардар, со возило на Брза помош веднаш биле пренесени во болница.

Очевидци на социјалните мрежи раскажуваат за потресната глетка кога моторно возило со огромна брзина удрило во луѓето кои стоеле на автобуската станица.