Државата им нуди по само 200 денари за квадрат на жителите на с. Блаце низ чии имоти ќе поминува автопатот Скопје-Блаце.
Тие се револтирани и бараат цената треба да биде над 50 евра. Според нив, понудените 200 денари се навредливи и исмејувачки.
„Вреднувањето ќе биде коректно кон луѓето и секако никој нема да биде оштетен, според законската рамка. Точно е дека граѓаните имаат право да се жалат за вредноста, но не и да се жалат на правото да ја дадат земја“-ветуваше вицепремиерот Бујар Османи во јануари.





