На настан кој не е објавен никаде и на кој не се поканети медиумите викендов во Охрид германската Фондација Конрад Аденауер Штифтунг заедно со високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ одржува состанок на кој се анализираат основните рамки за враќање на партијата на Христијан Мицкоски на власт по парламентарните избори во април.
Извори во Охрид велат дека настанот се случува во хотел на сопственик кој е еден од рекетираните во случајот Рекет.
КАС или фондацијата Конрад Аденауер е формирана од партијата ЦДУ на канцеларката Меркел и традиционално помага на сестрински десничарски народни партии во повеќе земји во Европа.
Слична активност на КАС беше забележана и пред доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ пред парламентарните избори во 2006 година кога иако СДСМ со Бучковски на неколку месеци пред изборите водеше на изборите но сепак победник беше тогашната опозиција која ја формираше владата.





