Штипска општина во 21 век конечно доби вода за пиење

Општина Штип заедно со јавното претпријатие „Исар“ го комплетираше најголемото барање на граѓаните од населбата Балканска, од денеска и последните домаќинствата во Балканска добиваат чиста и здрава вода за пиење од Филтер станицата.



Во оваа населба има 250 куќи со 1.000 жители, пренесе Опсервер. „Граѓаните се соочуваат со нова реалност, чиста и здрава вода за пиење“, рече меѓу другото градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.