Kавадарчанката Славица Димова Вареловска е меѓу ретките во државава што со нетрпение го чекаат 29 февруари, бидејќи полни 28 години, а го слави седмиот роденден.
„Годинава имам можност да си го славам роденденот токму на денот кога сум родена. Kога годините не се престапни, роденденот го одбележувам на 28 февруари. Но, никој од моите блиски не ми го признава тој датум за роденден, па ми честитаат дури на 1 март, открива дипломираната економистка, пренесе Сител.





