Фатени „сомнителните“ со коронавирус кои избегале од болница

Двете лица кои избегале од штипската болница се пронајдени и се ставени во изолација информираше Министерството за здравство.



Тие вчера околу 14.30 часот, со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница каде започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација од каде – избегале.

„По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. “, се вели во соопштението.