На парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април лидерот на СДСМ ќе ја предводи кандидатската листа на пратеници во четвртата изборна единица.
Ова го соопшпти Зоран Заев на синоќеѓниот ТВ-дуел со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на „Канал 5“ и го повика Мицкоски да му биде противкандидат.
Мицкоски, околу ова рече дека следната седмица ќе заседава партискиот ЦК и тогаш ќе се направат анализи дали тој да биде носител на листа, кандидат на некоја од листите или да остане само кандидат за премиер.
Тој додаде дека и натаму се залага за т.н. шпицен кандидат, како носител на мандатот, односно дека нема да бара имунитет како пратеник во парламентот во случај на изборен пораз.




