Заев добил летва под столчето на кое седи на дуелот во Канал 5 (ФОТО)

Фотографија која е снимена во студиото на Канал 5 за време на ТВ дуелот меѓу лидерите на двете најголеми партии покажува дека екс премиерот е седнат на столче кое од подот е одвоено со летва во висина од најмногу десетина сантиметри.



Целта на подметнатата табла е позицијата на Заев да ја достигне или да ја надмине висината на Мицкоски кој реално е повисок од својот соговорник.

За жал на неговиот кабинет и протокол летвата е прениска за да се изедначи висината на двајцата соговорници.