„Нашиот предлог е да се забранат сите јавни собири каде што би имало голем број граѓани, без разлика дали се во затворен или отворен простор.
Сметам дека треба да се откажат сите големи јавни собири, вклучително и спортските натпревари“ изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Според него забраната треба да важи една недела и потоа доколку има потреба, да се одлучи дали ќе биде продолжена“.
Засега единствен случај на лице заразено со коронавирусот во земјава е веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје, која со комбе допатува од Милано и се чувствува добро.
Според министерот 12 лица, од кои две деца, што биле во контакт со оваа пациентка сè уште се во домашна изолација.
Тој рече и дека останува во сила препораката компаниите и институциите да не им дозволуваат на оние вработени што периодов биле во Италија да доаѓаат на работа зашто тие прво мора да поминат 14 дена во домашна изолација




