Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на СДСМ кој очекува, како што вели чист мандат на 12 април, најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот – 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.
Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1 ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти, пренесе „Фокус“.





