Македонија остана без карневали- откажан и Прилепскиот

Советот на Општина Прилеп донесе одлука за откажување на традиционалниот меѓународен карневал „Прочка“, што требаше да се одржи по 19. пат.



Од Општината соопштија дека одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за здравство, откако во земјата беше регистриран прв случај на коронавирус, а уште 14 луѓе се во изолација, пренесе СДК.