Турција веќе нема да ги спречува сириските бегалци да стигнат до Европа, изјави висок турски функционер, како одговор на Анкара на убиството на 33 турски војници во воздушниот напад на сириските владини сили во северозападниот регион Идлиб, јавуваат медиуми повикувајки се на Ројтерс.
Претседателот Таип Ердоган одржа итен состанок за нападот во Анкара во текот на ноќта, додека министерот за одбрана Хулуси Акар и командантите на турските сили водеа операции во Сирија на турската граница, соопшти државната новинска агенција „Анадолу“.
Турција одлучи веднаш да ја отвори својата јужна граница со Сирија и да им додели на сириските бегалци бесплатен премин во Европа за следните 72 часа. Висок турски официјален претставник изјави дека сириските бегалци кон Европа нема да бидат запрени ниту на копно ниту на море
Околу еден милион цивили се раселени во близина на турската граница од декември, кога сириските владини сили поддржани од Русија зазедоа територија од сириските бунтовници поддржани од Турција, што претставуванајтешка хуманитарна криза во деветгодишната војна.
Во очекување на нов бран бегалци од Идлиб, на турската полиција, крајбрежната стража и граничните безбедносни службеници им е наредено да не го попречуваат преминот преку копно и море на на бегалците, изјави турскиот официјален претставник за Ројтерс.
„Решивме…да не ги спречиме сириските бегалци да стигнат до Европа по копно или море“, рече официјалниот претставник, кој побара анонимност.
„Сите бегалци, вклучително и Сиријците, сега се добредојдени да преминат во Европската унија“.
Турција е „домаќин“ на околу 3,7 милиони сириски бегалци и постојано повторува дека не успева да се носи со тој товар.
Според договорот од 2016 година, Европската унија обезбеди милијарди евра помош за Анкара да се согласи да го спречи приливот на мигранти во Европа.




